
Продолжуваат активностите и работните потфати во СУГС „Сарај“ – Скопје. Денес сите кабинети беа опремени со соодветни нагледни средства, вклучувајќи ги кабинетите по биологија, хемија, физика, математика и историја, како и со спортска опрема за предметот спорт и спортски активности. Сите овие средства и помагала ќе им бидат на располагање на учениците на СУГС „Сарај“ – Скопје за изведување на практичната настава.
Целта на оваа активност е нашето училиште да понуди квалитетно образование, каде што покрај теоретската настава ќе се применува и практичното (визуелно) учење.







No comment yet, add your voice below!