Бедри Ѓуреци, директор на Средното училиште на Град Скопје „Сарај“ – Скопје.
Бедри Ѓуреци е роден во с. Рашче, Сарај – Скопје. Основното и средното образование ги завршил во родното место, додека додипломските студии ги завршил на Универзитетот во Тетово во 2007 година. Постдипломските магистерски студии ги завршил во рамки на Универзитетот во Тетово, на Природно-математичкиот факултет, насока Биологија, во академската 2013/2014 година. Во континуитет е вклучен и во докторски студии на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје од 2016 година.
Својата професионална кариера ја започнал како професор по биологија во СУГС „Методи Митевски – Брицо“ – Скопје во 2007 година, потоа работел во СОМУ „Кочо Рацин“ – Велес во 2008 година. Од 2009 до 2013 година ја извршувал функцијата заменик-директор во СУГС „Зеф Љуш Марку“ – Скопје, а од 18.02.2016 година е именуван за директор на СУГС „Сарај“ – Скопје, каде и денес работи и дејствува.