Историјат на училиштето
КРАТОК ИСТОРИСКИ ОПИС ЗА ПОСТОЕЊЕТО, РАЗВОЈОТ И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА УЧИЛИШТЕТО
Долгогодишните стремежи, образованието, визијата, мисијата, соработката и успешните идни генерации се само дел од вредностите што се поврзуваат со името на средното училиште „Сарај“, кое функционира и работи веќе една учебна година.
Со оглед на тоа што Општина Сарај има 35.804 жители, долгогодишен сон беше да се има средно училиште. Сепак, среќа на граѓаните е што овој сон стана реалност, па така средното училиште во Сарај го започна воспитно-образовниот процес во учебната 2016/2017 година. Иницијатори за основањето се Општина Сарај заедно со неколку граѓани и интелектуалци, љубители на образованието, како и професори од средните училишта, со цел оваа општина да добие свое жариште на знаење, кое денес се нарекува Средно училиште на Град Скопје „Сарај“. Образованието и воспитувањето, стекнувањето нови знаења и вештини, како и воспитувањето се наш приоритет. Ние ќе создадеме нови образовани генерации, но и ќе формираме успешни, креативни и современи личности. Покрај тоа, генерациите на нашите ученици ќе поседуваат знаења за висок морал и етика, како и добро и хумано однесување. Цврсто веруваме во нашата визија за идните генерации, односно ученици кои во иднина ќе бидат подготвени да се соочат со предизвиците на современото општество, кое од ден на ден се соочува со немири и судири на идеи, мислења, знаења и нови информации.
Образованието и воспитувањето, стекнувањето нови знаења и вештини, како и воспитувањето се наш приоритет. Ние создаваме нови образовани генерации, но и формираме успешни, креативни и современи личности, личности кои во ова динамично општество се реализираат, создаваат дела и покажуваат резултати и успеси. Покрај тоа, генерациите на нашите ученици се препознатливи по високиот морал и етика, како и по добро и хумано однесување.
Цврсто веруваме во нашата визија за „идните генерации“, односно ученици кои во иднина ќе бидат подготвени да се соочат со предизвиците на современото општество, кое од ден на ден се соочува со немири и судири на идеи, мислења, знаења и нови информации.
Нашата мисија е „да ги подготвиме младите за предизвиците на современиот свет.“ Отвореното општество, слободниот пазар, растот на техничко-технолошкиот напредок и развојот на информатичкото општество претставуваат само еден од предизвиците за наставниците во СУГС „Сарај“ во создавање современи луѓе, нови личности со перспектива и креативност.
СУГС „Сарај“ – Скопје е институција со висока општествена одговорност, поради што соработката, партнерството и градењето односи со други училишта, институции и организации претставуваат голем интерес и значаен предизвик. Нашето училиште соработува со институциите на Владата, Министерството за образование и Град Скопје во различни области (прифаќање на нови стандарди и образовни програми, создавање подобри услови за нивна примена, обезбедување просторни и технички услови, како и програми и помагала за поквалитетна настава). Исто така, училиштето соработува со невладини и хуманитарни организации, со меѓународни организации и дипломатски претставништва, како и со училишта и високообразовни институции во и надвор од Република Македонија.
ВИЗИЈА
Тежнеењето на училиштето е да се создадат услови за реализација на квалитетна и современа настава, преку која ќе се овозможи задоволување на потребите и интересите на учениците, стекнување квалитетни знаења и подигнување на еколошката свест кај учениците.
МИСИЈА
- Стекнување применливи знаења.
- Примена на современа образовна технологија.
- Следење на трендовите и модернизацијата на образованието преку усовршување.
- на наставниот кадар.
- Подигнување на еколошката свест кај учениците и општествената одговорност.
