Создаваме иднина.

Во нашето училиште функционираат 8 паралелки во гимназиска насока, кои продолжуваат во трета година и се поделени во неколку насоки:

Природно-математичка насока

Општествено-хуманистичка насока

Јазично-уметничка насока

Исто така, СУГС „Сарај“ – Скопје нуди образование во економски профил во 4 паралелки за:

Економски техничар

СУГС „Сарај“ – Скопје располага со 12 наставни кабинети, конференциска сала, библиотека, канцеларии за наставници и четири кабинети за наставни активи.

Сепак, останува уште многу работа за понатамошна модернизација на училиштето. Раководниот тим, наставниците преку стручните активи и техничкиот персонал на училиштето се подготвени за нови предизвици.