
Продолжува караванот на успеси во СУГС „САРАЈ“ во областа на информатиката…
Натпреварите за Microsoft Office Specialist се организираат низ целиот свет веќе 14 години по ред. Оваа година, за првпат под организација на „CERTIADRIA“, СУГС „САРАЈ“ учествуваше на ова ниво на тестирање. Меѓу четворицата најуспешни ученици беа токму учениците од нашето училиште: Емир Даути, Исра Јонузи, Јасмина Мамути и Арбреша Ајрула.
Под менторство на професорот Бурим Реџепи, денес, на 04.05.2017 година, тие успешно го поминаа тестирањето организирано на републичко ниво, кое се одржа во Скопје.
Честитки до сите ученици кои учествуваа на овие натпревари. Им го честитаме постигнатиот успех и воедно посакуваме нашето училиште да биде дел од светското финале, а Македонија да биде претставена токму од нашите ученици!







No comment yet, add your voice below!