Продолжува караванот на успеси во СУГС „САРАЈ“ во областа на информатиката…

Продолжува караванот на успеси во СУГС „САРАЈ“ во областа на информатиката…

Натпреварите за Microsoft Office Specialist се организираат низ целиот свет веќе 14 години по ред. Оваа година, за првпат под организација на „CERTIADRIA“, СУГС „САРАЈ“ учествуваше на ова ниво на тестирање. Меѓу четворицата најуспешни ученици беа токму учениците од нашето училиште: Емир Даути, Исра Јонузи, Јасмина Мамути и Арбреша Ајрула.
Под менторство на професорот Бурим Реџепи, денес, на 04.05.2017 година, тие успешно го поминаа тестирањето организирано на републичко ниво, кое се одржа во Скопје.

Честитки до сите ученици кои учествуваа на овие натпревари. Им го честитаме постигнатиот успех и воедно посакуваме нашето училиште да биде дел од светското финале, а Македонија да биде претставена токму од нашите ученици!

Следниот мегапроект во СУГС „Сарај“ – Скопје

Продолжуваат активностите и работните потфати во СУГС „Сарај“ – Скопје. Денес сите кабинети беа опремени со соодветни нагледни средства, вклучувајќи ги кабинетите по биологија, хемија, физика, математика и историја, како и со спортска опрема за предметот спорт и спортски активности. Сите овие средства и помагала ќе им бидат на располагање на учениците на СУГС „Сарај“ – Скопје за изведување на практичната настава.
Целта на оваа активност е нашето училиште да понуди квалитетно образование, каде што покрај теоретската настава ќе се применува и практичното (визуелно) учење.

 

Соработка со Амбасадата на Франција и Институтот ЗИП

Денес учениците од СУГС „САРАЈ“, во соработка со Амбасадата на Франција и Институтот ЗИП, дискутираа на темата „Воведување иновации во работата на граѓанските организации преку СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО“, со цел градење образовен систем кој обезбедува усовршување, оспособување и иновативно учење.

Официјално, СУГС „САРАЈ“ – Скопје ја започна програмата за образование на возрасни за 250 ученици!

Официјално, СУГС „САРАЈ“ – Скопје ја започна програмата за образование на возрасни за 250 ученици!
Образованието на возрасни е дел од образовниот систем кој овозможува едукација, усовршување, оспособување и учење за возрасните лица.
Официјално е склучен договор за соработка помеѓу средните училишта СУГС „САРАЈ“ – Скопје и СУГС „Цветан Димов“ – Скопје.
Со среќа! (Многу успех!)

СУГС „САРАЈ“ го започна проектот „Учиме за правдата“

Денес во СУГС „САРАЈ“ започна проектот „Учиме за правдата“, кој е во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ), а е поддржан од програмата „Цивика мобилитас“.
Целта на овој проект е учениците да ги прошират своите познавања во областа на правдата, демократијата, правниот систем и владеењето на правото.

22 Ноември и Патронатот на СУГС „Сарај“

Неколку фотографии од свеченото манифестирање на двата празници на СУГС „Сарај“ во соработка со Општина Сарај!
Честити ноемвриски празници!
22 Ноември – Ден на албанската азбука
Патронат – на Средното училиште на Град Скопје „Сарај“