Учениците од СУГС „Сарај“ – Скопје, од економската насока – Економски техничар, ја посетија приватната компанија Frukti Import.

Продолжуваат активностите во СУГС „Сарај“ – Скопје. Денес учениците од економската насока – Економски техничар, втора година, реализираа посета на приватната компанија FRUKTI-IMPORT, една од најголемите компании од овој тип. Исто така, се разговараше и за реализирање на практичната настава во оваа компанија.
Целта на оваа активност е учениците да претставуваат пример за интегрален пристап како основна компонента на пазарната економија, како и продлабочување на соработката помеѓу СУГС „Сарај“ – Скопје и компанијата FRUKTI-IMPORT во секоја економска сфера и унапредување на двете институции кон заедничка цел.

Учениците од СУГС „Сарај“ – Скопје ја посетија Скопската тврдина, Музејот на уметноста, Националните галерии, како и КИЦ-от (Фотографии).

Денес учениците од СУГС „Сарај“ – Скопје беа во посета на Скопска тврдина, Музеј на современата уметност, Национална галерија на Македонија (Чифте амам и Даут-пашин амам), како и на КИЦ-от. Целата оваа посета беше реализирана под менторство на проф. Valdete Ramadani. Соработката и целта на посетата беа учениците да се запознаат со општата историја на галериите и музеите, како и со поврзаноста на албанскиот народ и нивната улога во овие културно-уметнички вредности.