Уметничка галерија во СУГС „Сарај“ – Скопје (фотографија)

Галерија на уметност во СУГС „Сарај“ – Скопје
Денес во СУГС „Сарај“ – Скопје се одржа уште една активност – Галерија на уметност. За време на изложбата со различни цртежи, учениците од СУГС „Сарај“ – Скопје организираа и презентираа свои цртежи и слики.
Уметноста е вистинската душа на светот, каде учениците преку своите цртежи направија споредба на населбите и селата во општина Сарај.
Целата активност беше реализирана под менторство на проф. Valdete Ramadani.

 

Писмо на честитка за основањето на СУГС „САРАЈ“ – Скопје (фотографија)

Писмо на честитка за основањето на СУГС „САРАЈ“ – Скопје
Во пресрет на двегодишнината, поточно на 18.02.2016 година, беше основана оваа образовна институција. Наставниот кадар во соработка со учениците од училиштето, во знак на почит, реализираа внатрешни активности посветени на овој значаен датум. Посакуваме да прославиме уште многу јубилеи, со надеж дека во наредните години ќе има уште поголеми успеси во нашата институција.

Уште еднаш честитки и со среќа. Со почит од наставниот кадар и директорот на училиштето Bedri Gjureci.

 

Учениците од СУГС „САРАЈ“ – Скопје го посетија Радио Телевизија на Северна Македонија (РТМ2) – (фотографија).

Учениците од СУГС „САРАЈ“ – Скопје ја посетија Радио Телевизија на Северна Македонија (РТМ2).
Целта на посетата е учениците да ги развијат своите знаења и вештини, како и одблиску да се запознаат со вработените и работата што се реализира во РТМ2, која претставува јавна установа чиј основач е Собранието на Република Северна Македонија. Од страна на вработените во Радио Телевизија на Северна Македонија (РТМ2) беше направена презентација за телевизијата, од денот на нејзиното основање па сè до денес. На учениците им беше овозможено одблиску да ги разгледаат студијата и работните простории, како и да видат како изгледа еден работен ден во телевизијата. Исто така, учениците имаа можност да поставуваат прашања од областите што ги интересираат.

Учениците од СУГС „Сарај“ – Скопје, насока Економски техничар, ја посетија компанијата JUS-MB (фотографија).

Продолжуваат активностите во СУГС „Сарај“ – Скопје. Денес учениците од економската насока – Економски техничар, втора година, реализираа посета на приватната компанија JUS-MB, една голема и значајна компанија. Исто така, се разговараше и за реализирање на практичната настава во оваа компанија. Целта на оваа активност е учениците да претставуваат пример за интегрален пристап како основна компонента на пазарната економија, како и продлабочување на соработката помеѓу СУГС „Сарај“ – Скопје и компанијата JUS-MB во сите економски сфери, со цел унапредување на двете институции кон заедничка цел.

Учениците од СУГС „САРАЈ“ – Скопје ја посетија Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (фотографија).

Учениците од СУГС „САРАЈ“ – Скопје ја посетија Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
Целта на посетата е учениците да ги развијат своите знаења и вештини, како и одблиску да се запознаат со најголемата библиотека во нашата држава. Од страна на вработените во библиотеката беше направена презентација за библиотеката, од денот на нејзиното основање па сè до денес. На учениците им беше овозможено одблиску да ги разгледаат салите и магацините со книги, се запознаа со начинот на зачленување во оваа библиотека, а исто така имаа можност да поставуваат прашања од областите што ги интересираат. Целата оваа посета беше реализирана под менторство на проф. Hyrjete Nesimi.

Учениците од СУГС „Сарај“ – Скопје го посетија Музеј на Македонија (фотографија).

Учениците од СУГС „Сарај“ – Скопје го посетија Музеј на Македонија, каде беше објаснета дејноста и работата на музејот, како и неговото функционирање од почетоците до денес. Целата оваа посета беше реализирана под менторство на проф. Bujar Ramani.

Соработката и целта на посетата беше учениците да се запознаат со општата историја на овој музеј, како и со поврзаноста на албанскиот народ и нивната улога во неговата историја и поставки.