
Неколку фотографии од свечената манифестација и одбележувањето на празникот 7 Март – Денот на наставникот, кои учениците од СУГС „САРАЈ“ – Скопје ги претставија со богата уметничка и културна програма. Почитувани наставници! Во овој посебен ден, ви посакуваме, каде и да живеете и работите, среќен 7 Март – вашиот ден! Во овој ден ви оддаваме почит за вашата голема работа и придонес што сте го дале, го давате и ќе го давате за наставата и воспитувањето на децата. И нашата денешна задача е да го пренесеме духот на нашата посветеност и работа со страст, чисто и искрено, на идните генерации.







No comment yet, add your voice below!